Совети за безбедно купување и заштита од измамници

СЕКОГАШ проверувајте ги деталите за контакт на вашиот добавувач (веб-страница/е-пошта/одговорно лице), кои мора да се исти со податоците од официјалната веб страница, фан страница или од базата на компании. Така, ќе знаете со сигурност дека комуницирате со вистинската компанија.

Не плаќајте однапред на непознати добавувачи. Изберете плаќање при испорака.

Некои измамници ќе се обидат да ве збунат со тоа што речиси целосно ќе го реплицираат дизајнот на вреќата на сертифициран производител или трговец.

Внимавајте на фалсификуваните фактури со заменета банкарска сметка. Понекогаш, измамниците користат стари фактури на вистинскиот добавувач, со едноставно заменета банкарска сметка за да ве измамат.

Во случај на сомневање дека не комуницирате со вистинската компанија, прекинете понатамошна комуникација и контакт. Во принцип, не ги давајте вашите лични или финансиски информации како одговор на барање што не сте го очекувале.

Доколку се работи за ENplus сертифицирана компанија, може да ја проверите црната листа на сертификационото тело, каде што има и компании од Македонија, таму исто така може да пријавите измама или сомнителна компанија.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *