Spačva A2

410ден

Состав : 100% даб

  • Енергетска моќ : >4.6 kWh/kg
  • Влажност : <6%
  • Пепелност : <1.2%
  • Сертификат : ENplus A2 HR 006
  • Земја на потекло : Хрватска
  • Пакување : 15 кг
SKU: 1009 Category: Tags: , , ,

Пелетите Spačva се направени исклучиво од чисто дрво, без никакви хемиски додатоци. Пелетите се произведуваат од славонски даб, едно од најквалитетните дрва во оваа област. Пред самиот процес на производство на пелети, дрвото се соголува, т.е. се врши отстранување на кората од трупците. На овој начин се добиваат најквалитетните пелети од дабово дрво за кои може да се каже дека припаѓаат на премиум класата. Со овој метод и производствен процес се добива висококвалитетен пелет што се гледа од неговите карактеристики. Поради тоа што составот на овој пелет е чист даб, а во производниот процес влегува само дрво без кора, а познато е дека се работи за висококалорично дрво, овој пелет спаѓа во еден од најквалитетните пелети што може да се се најде на нашиот пазар. Spačva исто така целосно припаѓа на обновливите извори на енергија и ги исполнува строгите критериуми за производство според стандардот ENplus. Како доказ за врвен квалитет, дабовите пелети спачва го поседува европскиот ENplus сертификат.

Spačva е ефикасен извор на топлина првенствено поради тоа што содржи многу ниско ниво на влага и пепел. Содржината на пепел во дабовите пелети е околу 1%, а содржината на влага е 4,23%. Покрај тоа, дабовите пелети содржат многу малку сулфур и азот, а калориската вредност е 5,1 kWh/kg. Искористеноста на секој поединечен пелет е речиси 100%.